Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието членовите на училишната секција МИО ЕКО клуб при СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп реализираа низа активности поврзани со прославата на 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот.
Во текот на вчерашниот ден беа организирани повеќе активности и тоа спортски штафетни игри во три категории, ликовна изложба, цртање на делови од училница со мотиви посветени на мирот, уредување на училишниот двор и литературно читање на македонски и англиски јазик на тема „Мир во светот“. Благодарение на ангажираноста, мотивацијата и искуството на професорите ментори од МИО – тимот, планираните активности беа успешно реализирани со што се овозможи подобро запознавање, поттикнување и зближување на учениците со различна етничка припадност преку надминување на јазичните, религиозните и културолошките пречки.
Оваа активност е поддржана од Проектот на @USAID North Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од @МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC во соработка со Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF

Коментари