Во рамките на Проектот ‘Innovative learning approach for circular chemistry in secondary education од 14 до 16 март, тимот од Орде Чопела Прилеп заедно со партнерите во проектот ‘Circle Lab’ го одржа транснационалниот состанок во А Коруна, Шпанија.
Фокусот на состанокот беше креирање на онлајн платформа на која ќе бидат достапни ресурси важни за наставниците и учениците од областа на циркуларна хемија Презентирани беа видеата за добри практики и игра што се создаде изминатиот период.
Circle Lab’ е партнерство на средни училишта, организации , истражувачки институции и универзитети од 5 држави: Македонија, Шведска, Италија, Литванија и Шпанија. Проектот е финансиран преку Еразмус+ програмата.