Во рамките на уписните рокови, СОУ „Орде Чопела“ Прилеп прво меѓу средношколските центри во општинава в понеделник, на 22 мај организира отворен ден. Целта е идните средношколци, нивните родители,да се запознаат со едукативните сектори кои ги нуди ова училиште, со изведувањето на практичната настава, со дуалното образование и кои се перспективите при избор на одредени занимања и струки.