Национална работилница за Еразмус+

Сподели:

На 30 мај во просториите на Europe House Skopje се одржа Национална работилница за Еразмус+ Проектот Innovative learning approach of circular chemistry in high school (Circle Lab) во организација на Здружението за заштита и унапредување на животната средина Eco – Logic и СОУ ,,Орде Чопела” Прилеп како партнери во проектот. На работилницата се обрати и присуствуваше Maрко Карбини, Шеф на Администрација на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Во пријатна атмосфера учениците од средните училишта Димитар Влахов, Марија Кири, Раде Јовчевски Корчагин, Браќа Миладиновци, Ѓорѓи Димитров заедно со нивните професори ги тестираа едукативните алатки, дидактичките материјали и едукативната игра “7 days until the end of the world”.

Коментари