Од 1 февруари до 8 февруари учениците од СОУ “Орде Чопела“: Кирил Дамјаноски, Давор Степановски, Никола Кочоски, Димитар Стојчески и Никита Ристески во придружба на професорките Каролина Дамјаноска и Славица Петровска учествуваа на проектниот состанок во градот Паневежис во Литванија во средното стручно училиште кое е партнер училиште на нашето училиште. Освен учениците и професорите од нашето училиште и од училиштето од Литванија, на проектниот состанок зедоа учество ученици и професори од Шпанија и Италија. Сето ова во склоп на Еразмус+ проектот “Being a biomaker, no passports needed”.
Учениците имаа голем број работилници на кои конструираа микроскопи и магнетни мешалки, изведуваа хемиски експерименти, го посетија центарот за мехатроника во Паневежис каде учествуваа во работилници, го посетија универзитетот за применети науки во Паневежис, го посетија студиота за стакло од Паневежис, ја посетија фабриката “Thermo Fisher Scientific Baltics” во Вилнус, го посетија едукативниот и научен саем “Litexpo” во Вилнус, имаа прилика да посетат и културни знаменитости во градот Паневежис и во градот Вилнус итн. Нашите ученици успешно го претставија нашето училиште, нашиот град и нашата земја со своето учетво на овој проектен состанок.