Circular chemistry in the Digital Era Project name – full Circular chemistry in the digital era Project name – short CCDE KA220-SCH – Cooperation partnerships in school education
Form ID KA220-SCH-49E8FCEF
Timeframe November 2022 – November 2024
Donor European Commission (Erasmus+) Cooperation partnerships in school education
Coordinator: Fundacion 2100 (Spain)
Countries in which the project is implemented: • Italy • Spain • Macedonia
Официјална страна на проектот https://ccdeproject.eu/
Oпис:
Во последниве години, еколошките прашања и климатските промени станаа важни прашања за дебата на глобално ниво. Хемиската индустрија игра клучна улога во системската транзиција кон циркуларна економија и одржлив развој, во кој ресурсите и материјалите континуирано се циклусираат за да се елиминира отпадот, притоа создавајќи вредност за сите. Со проширување на опсегот на одржливост на целиот животен циклус на хемиските производи, концептот на циркуларна хемија има за цел да го замени денешниот линеарен пристап „земи-направи-фрли“ со циркуларни процеси без отпад.
Цели на проектот
Цел 1 Зголемување на интересот на средношколците за изучување на темата циркуларна хемија преку употреба на дигитални алатки , иновативни игри, а во исто време мотивирање да експериментираат дома.
Цел 2 Промовирање напринципите на циркуларна економија и основните компетенции за Цели за одржлив развој во рамките на наставата по хемија преку развивање на дигитална средина за учење.
Цел 3 Поддршка на почетниот и континуиран професионален развој на наставниците во согласност со Европскиот пристап за доживотно учење преку примена на практични и иновативни алатки со цел промовирање на циркуларна хемија во средните училишта.
Резултати од проектот
Наставна програма со 6 модули за образование по зелена хемија со принципи на циркуларна економија со 18 активности прилагодени за физичко учење и учење на далечина.
Едукативен канал на YouTube
https://www.youtube.com/@CCDEproject/videos
Интерактивна апликација за учење преку игра
Апликацијата CCDE обезбедува забавен пристап заснован на игра за истражување на концептите за циркуларна хемија.