Во Прилеп наши ученици од I година имаа директна средба со народни пратеници од нашиот град. Нашите ученици им поставуваа граѓански прашања околу нивната работа (надлежности и должности) а пратениците им објаснуваа како функционира Народното Собрание и како се носат закони и како функционира парламентарната демократија.
