Домаќин на прв државен натпревар на ученици од хемиско-технолошката струка

Нашето училиште оваа година ја имаше најголемата чест од областа на хемијата и технологијата. Денеска бевме домаќини на Првиот Државен натпревар на учениците од хемиско-технолошката струка. Настанот е посветен на промоција на хемиско-технолошката струка, вреднување на нивоата на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците, рангирање според постигањата на учениците, откривање на талентирани ученици и споделување на искуства. Како домаќини, во соработка со Локалната самоуправа и бизнис заедницата од Прилеп, се потрудивме да обезбедиме максимални услови за непречено одржување на натпреварот, како и пријатен престој на сите гости во нашето училиште и нашиот град. Државниот натпревар од хемиско-технолошката струка, позади кој стои здружението “Дијаграм”, е дел од образовниот процес каде учениците и професорите имаат можност да ја покажат својата стручност, креативност и стекнати знаења од областа на наставните предмети во кои се натпреваруваат. Стекнатите високо квалитетни и долготрајни знаења и вештини им ги отвораат на учениците, вратите на престижните високошколски институции и ги ставаат во рангот на моќна и конкурентна работна сила на пазарот во нашата држава, регионот и светот.

Коментари