ГЛОБЕ (Глобално учење и набљудување во полза на животната средина).

Сподели:

Од 15 до 17 август 2022 година во Охрид се одржа 9ти семинар ГЛОБЕ (Глобално учење и набљудување во полза на животната средина).
ГЛОБЕ е светски проект според кој учениците учат за важноста на животната средина преку секојдневни мерења и набљудувања.
На семинарот учествуваа наставници од основните и средните ГЛОБЕ училишта од цела наша држава.
СОУ “Орде Чопела ” е дел од ГЛОБЕ програмата уште од 2005 година, нашите ГЛОБЕ наставници кои се одговорни за спроведување на овој проект во нашето училиште зедоа учество на следниов начин: Професорките Karolina Damjanoska и Ruzica Jagurinoska зедоа учество како предавачи, додека пак учесници беа и нашите професорки Slavica Petrovska , Biljana Apostoloska како и нашата директорка Aneta Pejovska.

Коментари