Извонредно претставување на ГЛОБЕ учениците од СОУ „Орде Чопела“- Нина Доклеска, Теодора Ангелеска од II3 клас и Наталија Ризоска од III6 клас преку презентација на перфектен англиски јазик на тема „Влијанието на ГЛОБЕ и ГЛОБЕ ноќе мерењата“, со цел зголемување на свеноста за зачувување на здравата животна средина на „ЕВРОАЗИСКА ОНЛАЈН УЧЕНИЧКА ГЛОБЕ КОНФЕРЕНЦИЈА“ која се одржува на 28 и 29 ноември 2022 година. Учениците ги подготвуваа и работеа под менторство на Координаторот на ГЛОБЕ проектот во СОУ „Орде Чопела“ – професорката Каролина Дамјаноска заедно со тимот од ГЛОБЕ наставници составен од професорите Славица Петровска, Ружица Јагуриноска, Анета Пејоска и Билјана Апостолоска.
На општо задоволство на сите, учениците одлично се претатавија и беа забележани од НАСА научникот Брајан Кембел, кој изрази многу пофални зборови и постави интересни прашања, на кои нашите ученици со голема самодоверба одговорија. Како резултат на успешното претставување ГЛОБЕ учениците и ГЛОБЕ професорите добија директна понуда за соработка со средно училиште од Чешка. Во продолжение се фотографии од овој инспиративен настан.
#GLOBE North Macedonia