Конкурс за најдобра рецитација, лична творба и краснопис

Во рамките на месецот на книгата, ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп, објави неколку конкурси и тоа конкурс за најдобра рецитација, лична творба и краснопис.
И оваа година нашите ученици се меѓу наградените!
Ученичката Марија Илијеска освои прва награда на конкурсот за најдобра лична творба ,,Ѕвезден пат“ под менторство на проф. Лидија Тошеска.
Ученичката Мила Огненоска го освои третото место во конкурсот за најдобра рецитација со песната ,,Цветови” од Славко Јаневски, под менторство на проф. Елена Томевска.
Честитки за наградените ученици и нивните ментори.

Коментари