Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Македонската Соларна Асоцијација СОЛАР Македонија денес во склоп на активноста “Мал ама голем климатски херој“ донираа опрема за еко катче и мерни инструменти за нашето училиште !
Соработката на организациите со СОУ “Орде Чопела” е во рамките на проектот „ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ПРАКТИКИ ЗА РЕШЕНИЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“ во чии рамки се спроведуваат заедниички иницијативи насочени кон промовирање на добри практики и решенија кои ќе го намалат влијанието на климатските промени со фокус на земјоделскиот сектор.
*Проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“ е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.