Младински самит за климатски промени

На ден 20.10.2021 година учениците: Тамара Глигороска, Лука Тошески и Ивана Спиркоска од III-2 клас, Давид Велкоски и Андреа Кочоска од II-5 клас и Ѓорѓија Јовески и Ахирес Неџипоски од III-5 клас под раководство на директорката Анета Пејоска и професорите Билјана Апостолоска, Татјана Тасевска и Ѓорѓија Гагалески учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени за изработка на Младинската декларација за климатски промени.
Декларацијата ќе биде документ што ќе ги отсликува погледите и ставовите на младите луѓе за климатските промени и ќе се сподели со локалните и националните институции.
Инаку Младинскиот совет е иницијатива водена од млади луѓе, поддржана од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), а организирана во партнерство со Амбасадата на Италија како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.

Коментари