Прехранбени техничари IV1 и Техичари по ветеринарна медицина II6 од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп денес беа на практична едукација во хемиската лабораторија, биохемиската лабораторија и погонот за преработка на млеко, во најголемиот производител на млеко и млечни производи во регионот Здравје Радово- Битола.
Учениците и професорите, најсрдечно беа пречекани од Сашо Трајчевски, технолог, Магистер по преработка на анимални производи и Сузана Шулевска, раководител на суровина и лабораторија, Магистер на квалитет и безбедност на храна.
На почетокот од нашата посета, раководител на суровина и лабораторија Сузана Шулевска, ги запозна учениците и професорите со работата на лабораторијата, методите и мерните инструменти со кои ги вршат хемиските и биохемиските анализи со кои се контролираат параметрите на сурово млеко, како и секоја фаза од процесот на преработка на млекото во голем број млечни производи. Учениците имаа можност да се запознаат со повеќе испитувања за утврдување на квалитетот на суровините и производите со најсовремени инструменти и апарати.
Потоа технологот Сашо Трајчевски, со детално објаснување не водеше низ сите погони за преработка на млеко во млечни производи. За утврдување на квалитетот на готовиот производ, една од најважните анализи е сензорската анализа, во која со задоволство учествува учениците и професорите, со дегустација меко мешано сирење кое имаше одличен квалитет. Благодарност до компанијата Здравје Радово- Битола за денешниот прекрасен прием.