Под мотото „Празникот е за сите“ учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, се вклучија во хуманитарен настан по повод Верскиот празник-Велигден !
Настанот се одржа во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп каде со пригодна програма од страна на бендот “Библиотека”, производи од училишната пекара „Детелинка“ и традинционални велигденски јајца од страна на учениците се обележа овој празник.
Во акцијата со донација се вклучи и компанијата Vezë Sharri & Lecker -с.Требош од Тетово.