Во текот на вчерашниот ден нè посетија ученици и професори од Македонија, Италија, Шпанија и Литванија, дел од Еразмус+ проектот – „Being a biomaker, no passport needed“.
Ни беше задоволство да ги споделиме нашите искуства од областа на електроника, 3Д принтање и лабораториски испитувања со овие млади и амбициозни истражувачи.
Честитки за СОУ Орде Чопела Прилеп за ваквата организација. Продолжете понатаму со активна едукација и поттик на иновативни идеи на учениците. Ви посакуваме уште многу успеси!