“Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник и одржување на хигиената на мини фармата”

Сподели:

Водата е незаменлив ограничен ресурс и обновлив е САМО доколку со неа соодветно се управува. 💧
Од таа причина заедно со 50 средношколци и 10 наставници од 10 средни училишта од нашата земја тимот од нашето училиште составен од учениците Џанер Фејзоски, Андреа Гагалеска, Тамара Ковилсока, Сара Рајчиноска и Филип Гически под раководство на нивниот ментор Ѓорѓија Гагалески разработуваа решенија насочени кон справување со предизвиците поврзани со користење и заштита на водата, во рамки на првиот циклус од програмата UpShift, кој е посветен токму на водата.
Ова е првиот од пет циклуси посветени на темите вода, воздух, почва, оган, како и еден циклус посветен на дигитални решенија за заштита на животната средина.
Програмата се имплементирa со поддршка и во партнерство со UNICEF MK и Фонд за иновации и технолошки развој
НАШИОТ ТИМ имаше едно од најдобрите 5 решенија и доби ФИНАСИСКА И МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СВОЈОТ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ!

Коментари