Денес остварив средба со ученици и професори од СОУ „Орде Чопела“ како и со присутните гости (ученици и професори) од Италија и Шпанија, во рамките на Еразмус+ проектот со наслов „Being a biomarker, no passport needed“.
Проектот бил започнат во 2019 а завршува оваа 2022 година во месец август. Во периодот од 14 до 18 март се одржува проектниот состанок за ученици и професори тука во Прилеп во СОУ „Орде Чопела“.
Во овој проект учествуваат училишта од четири земји и тоа: Македонија. Шпанија, Италија и Литванија.
Според проектот со користење на 3Д печатење и ласерско сечење, како и електроника, учениците прават инструменти кои понатаму ќе се користат во училишните лаборатории.
Целта на проектот е и размена на искуства и добри практики преку соработка помеѓу училиштата.
Воедно на сите учесници им доделивме сертификати за учество во проектот и им посакавме многу успех како за проектот така и во понатамошното нивно школување.